Лукот може да биде опасен а не здрав ако имате некои од овие шест проблеми

Ако сте на терапија не би требало да земате лук без претходна консултација со лекар.

Според бројни студии, активното конзумирање на лук ги опушта крвните садови и го намалува крвниот притисок. Многу е ефикасен во намалувањето на нивото на холестерол (ЛДЛ). Го јакне имунолошкиот систем и е корисен за лекување инфекции. Здрав е, има неверојатен вкус, лесно се комбинира со различни јадења. Ако се јаде сиров предизвикува непријатен здив и киселини, меѓутоа, тоа најмногу зависи од телесната хемија на поединецот.
Колку е здрав толку може да предизвика и’ здравствени проблеми кај следните групи луѓе:
– Лукот има природни антикоагулациони својства и не треба да се комбинира со лекови за антикогулација – лекови кои се користат за лекување на проблемите со циркулцијата (ја разредуваат крвта и со тоа спречуваат настанување згрутчувања).Во спротивно може да дојде до крварење.
– Ако земате било какви лекови не би требало да земате лук без претходна консултација со лекар


– Доколку имате проблеми со црниот дроб и земате терапија лукот може да ја намали ефикасноста на истите
– Лицата со чувствителен стомак би требало да го одбегнуваат лукот бидејќи е тежок за варење
– Во период на бременост или доење не е препорачливо земањето лук
– Ако имате нормален или низок крвен притисок не би требало секој ден да јадете лук. Притисокот би можел дополнително да се намали и да предизвика компликаци

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВО БОЛНИЦА ДОШОЛ ПОРАДИ СКРШЕНА РАКА! Му рекле дека му останале уште само 24 ЧАСА ЖИВОТ – Почната БОРБАТА за живот!

Младиот менаџер Џејмс Мекгил имал успешна кариера како еден од сениорите во Гугл кога ја …