(ВИДЕО+ФОТО) Рецепт на денот: Куглоф пита со месо: Проверено добар рецепт!

Мека, зачинета, совршена…
Потребно е:
500 г. тенки кори
2 – 3 јајца
3 лажици гриз
300 – 400 г. мелено месо
200 мл јогурт
200 г. кисела павлака
1 главичка кромид
масло
сол, црн пипер


Подготовка: на масло пропржете го ситно сечканиот кромид, додајте сол и црн пипер, па испржете го месото. Калап за куглоф, намачкајте со масло и обложете со две кори, а вишокот оставете да виси од калапот.
Изматете ги јајцата, додајте јогурт, кисела павлака, гриз и се’ убаво изедначете. На работна површина раширете една кора и намачкајте со 2 лажици од филот, а при дното ставете малку мелено месо, превиткајте ги краевите и завиткајте во ролна. Ставете на дното на куглофот, а одозгора распоредете една лажица од филот.Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите состојки, па преку питата распоредете ги корите кои виселе од калапот. По површината нанесете го останатиот фил, убаво распоредете со лажица и ставете во рерна загреана на 200 степени.Печете околу 40. минути.На половина од печењето покријте со алуминиумска фолија да не изгори.
Послужете со кисело млеко или јогурт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГОЛЕМ СИ ГОСПОДИ:Молитва на болен за негово исцеление!

Господи, Боже мој, повикав кон Тебе и Ти ме исцели (Пс. 29:30) Господи, Исусе Христе, …