(ВИДЕО+ФОТО) НАУЧЕН ЕКСПЕРИМЕНТ – Ако досега се двоумевте, еве како маските го запираат пренесувањето на корона вирусот!

Без маска, капките формирани за време на кашлањето може да надминат до три метри. Со помош на маската, тоа растојание е сведено на само неколку сантиметри, покажал научен експеримент
Новата драматична визуелизација покажува точно зошто е добра идеја да се носи маска за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
Без маската, капките произведени за време на кашлање може да надминат и до три метри, открила визуелизацијата, но со маската, во најдобри случаи, тоа растојание е сведено на само неколку сантиметри.
Симулацијата, објавена во списанието Physics of Fluids, исто така открива дека некои маски од платно се подобри од другите во стопирањето на ширење потенцијално заразни капки.

„Сликите што се користат во нашата студија можат да и помогнат на јавноста подобро да разбере зошто луѓето во пандемија се советуваат да носат маски во јавноста и да ја одржуваат својата оддалеченост од другите луѓе“, рекол водачот на студијата, Сидартха Верма, доцент на Универзитетот за инженеринг и компјутерски науки Атлантик во Флорида.
За да симулираат кашлица, истражувачите ја поврзале главата на куклата со машина што создава магла со испарување на вода и глицерин, а исто така користеле пумпа за исфрлување на пареа низ устата. Капките на пареата се визуелизираа со помош на ласер. Симулираната кашлица е прикажана како зелена пареа што излегува од устата на главата на куклата.

Истражувачите на куклата ставаат разни типови немедицински маски за да ја тестираат нивната ефикасност при блокирање на кашлање, од домашна маска со две слоја, преку класична, еднослојна марама и преклопено памучно марамче, до нестерилни маски во форма на конус, кои можат да се купат во аптеките. Откриле дека капките, носени од симулирана кашлица, патуваат до три метри за 50 секунди.

Повеќеслојната маска од домашна памук најмногу го намалила ширењето на капките, иако на врвот има истекување во пределот помеѓу носот и самиот материјал. Капките биле оддалечени само еден сантиметар од лицето. Фабричките маски од аптеките, исто така, се покажале како добри, при што капките паѓаат 20 сантиметри.

Меѓутоа, еднослојната бандана, направена од еластична маица, била далеку помалку ефикасна, исто како и преклопено шамиче. Капките се лизнаа низ марамата и одеа до еден метар подалеку, додека оние низ преклопениот шамиче минуваа околу триесет сантиметри.
Иако немедицинските маски тестирани во оваа студија имаа различен степен на истекување на проток, тие веројатно ќе бидат ефикасни во стопирањето на поголемите капки исфрлени од респираторниот систем, заклучија авторите на студијата, пишува Live Science.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …