(ВИДЕО+ФОТО) ЗА НЕКОИ ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈ: Госпоѓа Балашевиќ има 61. година а денес објави фотографија во костум за капење, потоа прави стој на раце и салто!
Сопругата на музичарот Ѓорџе Балашевиќ, Оливера, покажа дека сè уште изгледа добро, и покрај тоа што пред неколку месеци наполни 61. година.
Иако е најпозната како сопруга на Ѓорџе Балашевиќ, Оливера е позната и како актерка, иако ја запостави кариерата кога реши да се омажи и да се посвети на семејниот живот и децата.
Таа на Инстаграм објави фотографија од себе во костум за капење и многумина остави без здив. Но, Оливера не е само убава и изгледа убава, туку и е во добра физичка форма.
Оливера Балашевиќ е родена во Зрењанин на 29. април 1959. година, а уште од рана возраст сакала глума и спорт, била позната и како гимнастичарка. Таа работела и во средно училиште во Нови Сад. Таа има три деца со сегашниот сопруг, со кого се запознала на сетот на филмот „Поп Чира и поп Спира“ – две ќерки Јована и Јелена и синот Алекс.