Успешно тестирана вакцина против корона вирус на руски војници:„Не се забележани компликации!“

Русија се подготвува за испорака на вакцини против коронавирус на глобалниот пазар, откако воените здравствени експерти денес објавија дека тестовите извршени врз војници волонтери биле успешни.
„Не беа забележани компликации или несакани ефекти“, објавил рускиот армиски весник „Краснаја Звезда“.

Русија планира да ги заврши клиничките испитувања до крајот на следниот месец. За време на викендот, министерот за здравство Михаил Мурашко објавил дека Русија се подготвува за продажба на новите вакцини и друга медицинска опрема на глобално ниво.
„Русија е подготвена да го снабди глобалниот пазар со медицински препарати кои ќе имаат директен ефект врз вирусот, што ќе вклучува лекови за терапија на ‘цитокинската олуја’, тестови за вирус и вакцини“, рече Мурашко за државната новинска агенција ТАСС.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) АРКТИК – СТОТИНА ВИРУСИ ГО ЧЕКААТ СВЕТОТ: Спиеле милиони години а поради нашата немарност сега се подготвени „да нападнат“!

Научниците предупредуваат на вознемирувачки феномени на Арктикот. Во последните две недели, температурите во Сибир достигнаа …