СЗО:„Пандемијата на коронавирус не е ниту блиску до завршувањето!“

„Сите сакаме ова да заврши. Ние сакаме да продолжиме со нашите животи“, рекол Гебрејесус.
Пандемијата на вирусот корона не е ни приближна до крај, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој пред новинарите изјави дека ова е сурова реалност и дека пандемијата се забрзува, иако многу земји оствариле одреден напредок на глобално ниво.
„Сите сакаме ова да заврши. Ние сакаме да продолжиме со нашите животи. Но, суровата реалност е дека ова не е ни приближно до крајот“, истакнал Тедрос.
СЗО планира да одржи состанок во текот на неделата за да го процени напредокот во областа на истражувањето против „Ковид-19“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Филипче: „На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа – строгиот протокол за изборите и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност!“

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири месеци тој и …