ОПАСНО – Поради занемарување на мерките на САД и се закануваат големи проблеми: „Тоа е рецепт за катастрофа!“

Ненадејниот скок на бројот на заразени со ковид-19 во Соединетите држави во најголем дел е предизвикан од игнорирање на препораките за одржување физичко растојание и носење маски, вели Фаучи.
Главниот експерт на американската администрација за заразни болести, Ентони Фаучи, рече дека дневното зголемување на случаи на инфекција е најизразено во јужните и западните сојузни држави, кои не ги следеле препораките на здравствените власти да почекаат со отворање на економијата поради опасностите од заразата.

„Тоа е рецепт за катастрофа“, изјави директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести за Си-Ен-Ен.
Тој додал дека сега се видливи последиците од ширењето на вирусот во заедницата, што е многу потешко да се спречи од ширењето на локации како што се затвори, домови за стари лица или погони за преработка на месо, пренесува Ројтерс.

Во Соединетите државиовеќе се регистрирани повеќе од 2,5 милиони луѓе позитивни за новиот корона вирус, а повеќе од 125.000 луѓе починале како резултат на ковид-19, болест предизвикана од вирусот, додава Ројтерс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Филипче: „По 40 години, целосно се реновирани двете гинеколошки операциони сали во гинеколошко-акушерската болница во Чаир“

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” во Чаир првпат по четири децении …