(ВИДЕО) Ритуалот на овој тато и син е нешто најслатко што ќе го видите денес!

Секоја недела Маркус Хил и неговиот син ЕМ.ЏИ. се разбудуваат порано за да подготват срдечен појадок што седумгодишниот потоа го носи во креветот на неговата мајка.
Додека внимаваат сè да биде совршено, ова шармантно дуе исто така наоѓа неколку минути да танцува, а Хил открива дека тој решил да го снима нивниот утрински ритуал за да и го покаже на својата сопруга.

„Најпрво таа немаше поим што се случува во кујната. Таа само слушала садови и тавчиња, па затоа ги снимив за да и покажам“, изјавил  Хил, кој денес живее во Мурфресборо за  Today..

 

Таткото и синот го започнале овој ритуал на денот на вљубените, кога Хил рекол дека сака да направи нешто посебно за неговата сопруга. Но, неговиот симпатичен асистент одлучил дека сака да продолжи да готви за мама.

„Кога виде дека мама е среќна, тој сакаше да продолжи да го прави тоа за да ја усреќи“, рекол Хил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …