БОРБА СО КОРОНА ВО СВЕТОТ: Продолжува „нагорна линија“ на новозаразени…

Пандемијата на корона вирус во светот не запира, напротив, секој ден, во 215. земји во светот бројот на заразени се зголемува, а за жал и на починати…
Досега во светот се заразени 10.413.558 лица, опоравени се 5.669.594, а починати 508.250.


Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во таа земја се потврдени уште 3.805 случаи на коронавирус и дека од инфекцијата починале уште 473. лица.Вкупниот број заразени сега е 220.657, а од почетокот на епидемијата починале 27.112 лица.
Владата соопшти дека вистинскиот број на заразени е веројатно значително поголем од потврдените случаи.
Мексико е на 11-то место во светот по бројот на заразени и 7-то по бројот на загинати.



Кина
Во Кина се потврдени 19. нови случаи на коронавирус, додека претходниот ден имало 12., соопшти Националната здравствена комисија.
Нема нови смртни случаи, пренесува Ројтерс.
Од новите случаи на инфекција, седум се потврдени во Пекинг, кој се бори против нов бран на епидемијата на вирусот корона.
Масовно тестирање е спроведено во главниот град на Кина, откако беше потврден првиот случај на инфекција во новиот бран на епидемијата на 11. јуни, кој беше поврзан со големиот пазар во Ксифанди.
Кина, исто така, објави четири нови асимптоматски пациенти.
Во таа земја, каде започна епидемијата, досега се потврдени 83.531 случаи на КОВИД-19, а како резултат на инфекцијата починале 4.634 лица.


Перу
Во Перу се потврдени 2.946 нови случаи на „Ковид-19“, а вкупниот број заразени достигна 282.365, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Главниот град на Перу, Лима, има најмногу заразени – 157.050, јави Си-Ен-Ен.
Уште 187. лица починале, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата на вирусот корона е 9.504.
Перу е седми во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НЕ ИЗГЛЕДА ВУЛГАРНО! НАЈУБАВАТА РУСИНКА НА ПЛАНЕТАТА СИНОЌА ШОКИРАЛА СО МРЕЖЕСТ ФУСТАН: Еден детал на аутфитот ги крие НАЈИНТИМНИТЕ делови од нејзиното тело!

Во неделата вечер во Лондон познатите убавици од светот на модата се собраа на престижна …