(ФОТО) ФАТЕНИ – Ѕвезди прељубници: „На страна“ љубеле проститутки, помошнички, колеги…

Некои се развеле веднаш по прељубата, додека други решиле да му дадат на бракот друга шанса. Секако, после секс-скандалите во кои биле вмешани, ништо повеќе не било исто…
И’ познатите личности се само луѓе од месо и крв, но нивниот приватен живот е поинтересен за јавноста од оние на „обичните смртници“. За некои од нив, нивните „патувања“ во прегратки на други луѓе ги чинле врска или брак, додека други некако успеале да се искупат на своите подобри половини.

Тајгер Вудс


Голферот Тајгер Вудс (44) и неговата поранешна сопруга Елин Нордегрен (41) ги исполнуваа насловите на сите таблоиди со месеци кога не успеа нивниот шестгодишен брак. Причината биле неговите бројни прељуби што ги имал, како што подоцна тврдеше, поради зависноста од секс со која не знаел како да се справи. Иако за прв пат беше споменато дека Елин ќе добие дури 720. милиони долари по разводот од Вудс, подоцна извештаите покажуваа дека тој ја платил својата поранешна сопруга „само“ 100. милиони.


Со оглед на тоа колку тој бил погоден од разводот и целиот скандал, паднатата ѕвезда пред три години се пријавила на клиниката за зависности од таблетки. Вудс, наводно, го резервирал целото крило на клиниката само за себе, и побарал стручна помош откако бил уапсен за возење под дејство на опијати.

Кристен Стјуарт


Американската актерка Кристен Стјуарт (30) беше во среќна врска со актерот и колегата Роберт Патинсон (33), сè додека папараците не ја фатија со оженетиот режисер Руперт Сандерс (48).
Поради скандалот за прељуба, социјалните мрежи „експлодираа“, па дури и американскиот претседател Доналд Трамп (73) ја коментираше целата ситуација на неговиот Твитер профил.
Актерката е видена во прегратки на многу постариот режисер, а нејзината афера ‘и се удри од глава’ . Таа и Патинсон, после шушкањара за нејзината измама, набргу раскинаа, и покрај тоа што нејзините пријатели ја бранеле и тврделе дека тоа била грешка што не требало да се случи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Авалон“ најавува ексклузивен концерт на Амира Медуњанин во антички театар во Охрид на 9. август – за само 1.200 посетители!

Од Авалон продукција соопштуваат за првиот концерт што ќе го организираат според нови „короан услови“… …