(ФОТО) ПОГЛЕДНЕТЕ ги цените на кошулата и шорцот на Кристиано Роналдо кои сите ги коментираат!

Илјадници луѓе на социјалните медиуми го коментираа новиот моден израз на Кристијано Роналдо. Додека некои се воодушевени, други го исмејуваат викенд стајлингот на фудбалерот на Јувентус.
„Викендот го започнувам со добри вибрации и добар стил“, напишал португалскиот ас вчера на своите профили на Инстаграм и Твитер со фотографија на која самиот позира во шарена летна кошула и шорц и со очила.

Стајлингот на Роналдо главно не им се допаднал на мажите, додека од друга страна, како и обично, припадничките на поубавиот пол биле среќни со ова издание на еден од најдобрите фудбалери во светот.
Но, за наш стандард, најинтересно е да се спомене дека цената на овој сет на Роналдо, кој многумина го нарекоа циркус, е „вистинска ситница“. Хавајската „Луј Витон“ комбинација што ја носи на фотографијата чини скоро 2.000 долари, поточно 1.670. Кошулата е, како што видовме на страницата на овој луксузен моден бренд, 875 американски долари, а шорцот 795.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотки на девојка станале хит на интернет бидејќи ги има НАЈДОЛГИТЕ НОЗЕ на светот!

Девојка од Монголија е висока 205 сантиметри и ги има вторите најдолги нозе на светот. …