(ФОТО) БРАВО ЗА ХУМАНОСТА: Меган и Хари ја напуштиле вилата поради нова волонтерска работа во Калифорнија!

Меган Маркл и принцот Хари последен пат беа се снимени во јавноста кон крајот на март, кога решија на своја иницијатива да донираат храна на здружение во Лос Ангелес. Оттогаш, поголемиот дел од времето го минуваа затворено во нивната нова вила во Калифорнија, и сега сепак се појавија пред американската јавност.

По неколку месеци, 38-годишната Меган и три години помладиот Хари, конечно се појавија во јавност заедно со целата заштитна опрема што вклучува маски за лице и нараквици на рацете. Непосредно по нивната посета во заедница која ги собира поранешните зависници и членовите на бандата за да им овозможат подобри можности и да ги посочат во вистинската насока, на социјалните медиуми се појавија фотографија од кралската двојка во престилки како месат леб и прават колачиња.

Меган, и овојпат, избрала многу необичен стајлинг составен од нејзините омилени парчиња на гардероба – бела кошули и фармерки. Таа се обидела да остави впечаток дека, малку порелаксиран начин на живот и далеку од кралските обврски и класичен стил, многу повеќе и одговара.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Авалон“ најавува ексклузивен концерт на Амира Медуњанин во антички театар во Охрид на 9. август – за само 1.200 посетители!

Од Авалон продукција соопштуваат за првиот концерт што ќе го организираат според нови „короан услови“… …