Со предавањето на Алфредо Саад Фиљо завршува првиот дел на КРИК – фестивал за критичка кулура

Првиот дел од програмата на годинешното јубилејно издание на КРИК – фестивал за критичка култура завршува утре (вторник, 30 јуни)со предавање на Алфредо Саад Фиљо, професор по политичка економија на Универзитетот СОАС (SOAS) во Лондон. Предавањето е насловено: „Трите кризи на глобалниот неолиберализам – економијата, демократијата и здравството“.

Предавањето ќе се одржи на англиски јазик, онлајн во живо на Фејсбук страницата на КРИКhttps://www.facebook.com/KRIKfestival/ со почеток од20 часот и ќе биде проследено со разговор кој ќе го модерираБранимир Јовановиќ.

КРИК фестивалот за критичка култура ќе продолжи во август со обајвувавње на две книги:  „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“ одМартин Хеглунд и „Трчање во место“ од  Рената Салецл, во соработка помеѓу Контрапункт и издавачка куќа „Темплум“.

 

Во своето предавање Фиљо ќе ги разгледа трите фази на глобалниот неолиберализам, поделени во периодот од средината на 1990 година и Големата финансиска криза (ГФК) до денес. „Главната цел на првата фаза беше агресивната промоција и интернационализацијата на приватниот капитал. Втората („зрелата“) фаза го интензивираше финансирањето на општествената репродукција, ја институционализираше ограничената демократија како нејзина доминантна политичка форма и го легитимираше системот на акумулација преку неолибералниот субјективитет. Третата фаза го опфати управувањето со последиците од ГФЦ преку „фискалното штедење“, кое неминовно подразбира засилување на репресијата и нови форми на исклученост, задскриени под превезот на десничарските популистички тропи. Како дел од овој процес, беа поставени авторитарни влади во неколку земји, предводени од „спектакуларни“ водачи. Нивниот пораст беше резултат на исцрпувањето на (минатите) неолиберални, технократски и исклучувачки демократии“, вели професорот Фиљо.

Овој процес тој го анализира во светло на појавата на Ковид-19,  предизвиците и можностите што произлегуваат од оваа ситуација: „Оваа дегенерирачка политичка динамика беше совладана од  Ковид-19 пандемијата, предизвикувајќи длабока економска криза во историјата на капитализмот. Неколку влади, веќе објавија мерки за воведување на ново долгорочно штедење, што е можно поскоро, потпирајќи се на засилениот притисок за обезбедување политичка стабилност. Ова е неподносливо од две причини. Прво, засиленото штедење ќе го поткопа (она што останало од) демократијата а со тоа ќе биде поткопана и легитимноста на овие влади; второ, штедењето ќе наштети несразмерно на базата на тие авторитарни администрации. Ова укажува на можност за долг период на кризна политика со непредвидливи импликации“.

 

Алфредо Саад Фиљо е професор по политичка економија на Универзитетот СОАС (SOAS) во Лондон и раководител на докторската школа на СОАС (SOAS). Тој бил постар соработник за економски прашања на конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD) во периодот помеѓу 2011-2012 година. Носител е на следните награди: Медал за животно достигнување на Сојузниот универзитет во Гојаш (Goiás), Бразил, како и на престижната награда за угледни наставници на СОАС (SOAS). Предавал на повеќе универзитети и истражувачки институции во Бразил, Канада, Италија, Јапонија, Мозамбик, Швајцарија и Велика Британија. Неговите публикации вклучуваат 9 книги, 70 списанија, 50 поглавја и 30 извештаи за ООН и други меѓународни организации. Неговите истражувања се објавени во дваесетина земји, преведени на 15 јазици и презентирани на над 200 академски настани во 30 земји.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колективниот договор во културата започнува со примена од јули

На средбата одржана помеѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура …