Мед и топла вода наутро: Комбинација која ќе ве препороди!

Дали знаевте дека комбинацијата на топла вода и мед има повеќекратно корисно влијание врз вашето здравје?

Веројатно знаете дека медот е одличен за здравјето и дека многу нутриционисти го препорачуваат, но доколку се најде во комбинација со млака вода, тоа ќе направи вистинско чудо за организмот.
Овој пијалок веќе долго време се користи за женската убавина, но и како превентива и лек за разни состојби во организмот.

Медот и топла чаша вода помагаат при слабеење
Шеќерот што се наоѓа во медот е природен и е здрав извор на калории. Покрај тоа, оваа комбинација ќе ја намали желбата за слатки.

Медот и топла чаша вода го подобрува варењето на храната
Медот и водата можат да ја регулираат работата на дигестивниот систем. Антисептичките својства на медот можат да имаат корисен ефект врз варењето на храната, а комбинацијата со вода ја прави столицата помека.

Медот и топла чаша вода е добар лек за имунитет
Медот има неверојатна способност да ги неутрализира бактериите. Особено се препорачува органски мед, кој има најмногу ензими, минерали и витамини кои се борат со бактерии. Медот е исто така одличен антиоксиданс, кој помага во борбата против слободните радикали.

Ја зголемува енергијата
Комбинацијата на мед и топла вода ве буди подобро од шолја кафе.

Отежнува болки во грлото и ја ублажува кашлицата
Судејќи според препораката на познатата клиника Мајо, топла вода и мед може да ја олеснат иритацијата на грлото и да ја смират кашлицата.

Одлична комбинација за детоксикација на телото
Медот и водата ќе му помогнат на вашето тело да се ослободи од токсините. Доброто варење, на кое исто така медот влијае, е одговорно за детоксикација на организмот.
Ќе добиете уште подобри резултати ако додадете лимон во мед и вода. Киселината во лимонот има позитивен ефект врз функциите на ензимите и ја стимулира функцијата на црниот дроб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Налеј, Налеј“, љубовна приказна која ги руши сите рекорди

Спотот за водечката нумера на серијата „Македонија“ – “Налеј, налеј“ која ја доживеа својата промоција …