(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: Размазениот Зверев фатен на дневна журка како ја прекршува САМОИЗОЛАЦИЈАТА!

Александар Зверев, третиот тенисер во светот, шокирал со неговиот последен потег што излезе во јавноста.
Последниве две недели го гледавме Зверев како поминува време во Белград, а потоа и во Задар. Го видовме како игра фудбал, кошарка или поминува време во клубови, но тогаш се сметаше дека опасноста од вирусот корона е навистина минимална.
По пристигнувањето во Германија, Зверев имаше обврска за самоизолација, но очигледно не планирал да го почитува тоа правило.
По само шест дена, е снимен на дневна забава во Германија уживајќи во друштво на пријатели и голем број странци.

Станува очигледно дека Зверев не се покајал по напуштањето на Белград и дека таа изјава по Адрија тур била голема фарса.
„Длабоко им се извинувам на сите што ги ставив во опасност. Ќе продолжам да ги следам упатствата и да се придржувам до самоизолација“, рече тогаш Зверев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На 69. години починале сијамските близнаци со најдолг животен век!

Починале сијамските близнаци со најдолг животен век… Рони и Дони Гелион починале на 69-годишна возраст. …