(ФОТО) СО КОРОНА СЕ ЗАРАЗЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 10. МИЛИОНИ ЛУЃЕ: Вирусот на запира во 215. земји во светот – Ова се жариштата!

Според податоците на веб-страницата „Worldmeter“, потврдени се десет милиони случаи во 215 земји и територии во светот, а скоро половина милион го загубиле животот како резултат на инфекција „ковид-19“.
Првите случаи на инфекција се регистрирани на крајот на 2019.година во кинескиот град Вухан, а вирусот започна да се шири брзо во текот на 2020. година.


Според податоците на Светската здравствена организација, новиот фокус во кој бројот на заразени лица нагло расте од втората половина на мај е Латинска Америка. Сепак, според БиБиСи, жариштата се Африка, Азија и Блискиот исток.


Во четири земји, Бразил, Мексико, Индија и Пакистан, во последните недели е регистрирано зголемување на заразените и починатите.


Бразил, Перу, Чиле, Мексико и Еквадор се земјите каде што се заразуваат голем број на луѓе, а СЗО наведува дека пандемијата не го достигнала својот врв во земјите од Централна и Јужна Америка.
Има 1.000 смртни случаи на ден во Бразил, втора земја во светот, веднаш по Соединетите држави, со повеќе од милион случаи. Повеќе од 55.000 луѓе починале во Бразил.
Во Индија и Пакистан, исто така, се забележува зголемување на бројот на пациенти и смртни случаи, иако во последните денови опаѓа.
И’, додека некои од државите веруваат дека се во самиот крај на борбата со ковид-19, многумина се плашат од вториот бран.

РЕГИОН
Словенија – 1.572
Хрватска – 2.624
БИХ – 3.935
Србија – 13.792
Македонија – 5.906
Црна Гора – 469
Албанија – 2.330
Бугарија – 4.625
Грција – 3.366

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Преподобна Пелагија: Го остави блудот, богатството го подели на сиромашни и се посвети на Бога!

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна …