(ВИДЕО+ФОТО) ПОСТАПКА ЗА ПРИМЕР: Му помогнал на противникот да победи – Прашање на вредности!

„Мојот сон е дека еден ден можеме да имаме општествен живот заснован на почит и вистина“

Во трка на 3000м. стиплчес, Абел Мутаи, спортист од Кенија, бил на само неколку метри од финишот кога, збунет од знаците, помислил дека ја завршил трката и застанал. Шпанскиот атлетичар Иван Фернандез Анаја бил веднаш зад него и сфатил што се случува, почнал да вика кон Кениецот, да продолжи да трча, но Мутаи не го разбрал. Не разбирал шпански.
Тогаш Шпанецот започнал да го турка до финиш линијата и на крајот до победата.


По натпреварот, еден новинар го прашал Иван: „Зошто го стори тоа?“
Иван одговорил: „Мојот сон е дека еден ден можеме да имаме општествен живот заснован на почит и вистина“.
Новинарот инсистирал: „Но, зошто го пуштивте кенискиот атлетичар да победи?“
Иван одговорил: „Јас не му помогнав да победи, затоа што тој секако победуваше“.
Новинарот повторно погрешно разбрал: „Но, можеше да победиш!“


Иван го погледнал и одговорил: „Но, која ќе биде вредноста на мојата победа? Која ќе биде честа на овој медал? Што би помислила мајка ми за оваа победа?
Вредностите се пренесуваат од генерација на генерација.


На кои вредности ги учиме нашите деца?
Да не ги учиме на погрешни начини и средства за победа!
Инаку, случката е од 2. декемвреи 2012. година од крос – кантри трка, 3.000 метри стиплчес во Бурлада, а Абел Мутаи е освојувач ан бронза од ЛОИ во Лондон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НЕВЕРОЈАТНО дејство на јодот: Го засилува ефектот од вакцината и го јакне имунитетот

Јодот е практично незаменлив како антибактериско и антивирусно средство Заштитата што вакцината ќе ја обезбеди …