(ФОТО) РАДАР ПРОНАШОЛ БРОД ПОД ЗЕМЈА – НОРВЕЖАНИТЕ ИСКОПУВААТ ВИКИНШКИ БРОД: Еве зошто воините ги закопувале!

Во Норвешка започнала работата на ископување на брод од ерата на Викинзите започна, а ова е прво откритие на брод од тој период во последните 100 години, што може да им овозможи на научниците да научат повеќе за таа ера.
Бродот се наоѓа на околу 50 сантиметри под земјата во насипот во кој се наоѓала викиншка гробница.Остатоците на бродот биле пронајдени во 2018. година со употреба на радар што влегува во земјата.


Норвешките власти решија да ги ископаат остатоците од бродот, кои според првичните проценки се во многу лоша состојба. Властите стравуваат дека во земјата дополнително ќе пропадне.
Досега во Норвешка се пронајдени само три бродови на Викинзите. Последниот е пронајден во 1904 година. Сите бродови се изложени во музеј близу Осло.


„Со толку многу пронајдени бродови, овој викиншки брод ќе придонесе за подобро разбирање на бродовите од тоа време и ќе ни обезбеди вредни информации за тој историски период”, рекол археологот Кнут Паша од Норвешкиот институт за истражување на културното наследство.


Во времето на Викинзите, вообичаено било кралевите и некои важни личности да бидат погребани во бродот, кој тогаш бил закопан во земјата, заедно со разни предмети. Потоа, над бродот се правел насипот.
Ископувањето на бродот треба да трае околу пет месеци.
Викинзите или нордиските (скандинавски) воини, трговци и пирати, се населиле на широк простор на Европа, Азија, Блискиот исток и делови од Африка, од крајот на 8-ми до средината на 11 век.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Како да го подготвите телото за вирусите

Витаминот Ц е штит на целокупниот имунитет, а во моментов најмногу се наоѓа во калинка, …