(ВИДЕО) Роналдо вчера промашил прилика за која за зборува: Видеото станао вирално!

Во ПРВИОТ натпревар од 28. коло од италијанскиот фудбалски шампионат, Јувентус во Торино го совлада Лече со 4:0 и му избега на Лацио со седум поени.
Лече се држеа добро до 53. минута кога Пауло Дибала го совлада Бразилецот Габриел. Кристиано Роналдо го зголеми водството на 2:0 во 62-та минута со гол од пенал.

Игуаин  повторно стрелец
Сите сомнежи за победникот ги реши Гонзало Игуаин во 83-та минута. Конечните 4-0 ги постави Матијас де Лигт две минути подоцна.
Оние кои го гледаа натпреварот особено се сеќаваат на една промашување на Кристиано Роналдо кој се најде на неколку метри од голманот на Лече во можност да ја упати топката во мрежата и, потполно некарактеристично за самиот себе, го промаши целиот гол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Куќата на Рибери мета на крадци, Французинот порачал:„Не е најбитно она што е земено, нешто друго ме шокира и не се согласувам на тоа!“

Славјето после победата над Фиорентина брзо било заменето со големо разочарување, што следело кога офанзивниот …