„Храбро срце“: Се појавува зрак на надеж на крајот на тунелот…

Здружението „Храбро срце“ беше на состанок на ФЗО со цел да им се олеснат задолжителните трошоци околу одржување на опремата на нивните членови кои живеат со вградени пумпи во срцето…
Неодамна трајно не напушти Христијан Неделковски (31) чие срце не можеше повеќе да издржи, но членовите на „Храбро срце“ и покрај големата болка за прерано починатиот млад човек ја продолжуваат борбата за какво-такво олеснување за другите членови.
Како што ни најавија биле на состанок со директорот на ФЗО…
„Бевме информирани дека тој испратил службено писмо до Државната кардиохирургија и државна кардиологија за да дадат одговор за цените на услугите кои ни се потребни, како и за потрошната опрема што ни следува по 3. години (замена на истечени батерии, потрошни материјали итн.
Исто така, речено ни е дека треба да се реализира друга постапка со лекари и’ од приватниот и’ од јавниот сектор, и конечно, пред да се имплементира нашиот пакет, ќе бидеме повикани назад во центарот за да ги разгледаме тие пакети“, ни рекоа од здружението.

Оптимистички е и тоа што од ФЗО им рекле дека до крајот на јули ќе имаат готов пакет за нив.

Овие акции на здружението е да се „изедначат“ цените за одржување на опремата на нивните членови на државно ниво и да нема големи разлики ако користат услуги од државните или приватните здравствени институции. Разлика која не е занемарлива бидејќи тие во исчекување на трансплантација мораат на редовни прегледи на пумпите, преврски…што се големи трошоци во нивната битка за продолжување на животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Налеј, Налеј“, љубовна приказна која ги руши сите рекорди

Спотот за водечката нумера на серијата „Македонија“ – “Налеј, налеј“ која ја доживеа својата промоција …