(ФОТО) Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, позитивен на коронавирус

Легендата на хрватскиот тенис Горан Иванишевиќ, актуелниот тренер на најдобрите светски тенисер Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус.

Тренерот на Ѓоковиќ денеска потврди дека неговиот трет тест на корона е позитивен.
„За жал, по два негативни теста во последните 10 дена, пред малку ги дознав резултатите од денешниот тест, третиот тест е позитивен на Ковид -19. Се чувствувам добро и немам никакви симтоми. Сакам да ги информирам сите кои биле во контакт со мене дека сум позитивен на Ковид и би ги замолил да ги преземат сите потребни мерки за заштита на себе и своите најблиски. Јас само ја продолжувам претходно започнатата самоизолација. На сите заразени им посакувам што побрзо да се опорават“, напиша на социјалните мрежи Горан Иванишевиќ.

Легендарниот ас е нова „жртва“ на Адриа турот во Задар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Куќата на Рибери мета на крадци, Французинот порачал:„Не е најбитно она што е земено, нешто друго ме шокира и не се согласувам на тоа!“

Славјето после победата над Фиорентина брзо било заменето со големо разочарување, што следело кога офанзивниот …