Три нови летни сцени во Градски парк

Град Скопје Ве поканува на pop up изложба на отворено  што се отвори вчерра (25.6.2020 (четврток), на која се  изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација.

Ги замолуваме авторите на трудовите да не го објавуваат својот идентитет, бидејќи сакаме да  го запазиме  принципот на анонимност кој беше наведен и во конкурсот.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колективниот договор во културата започнува со примена од јули

На средбата одржана помеѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура …