Поради тврдења на Винона Рајдер за антисемитизам популарниот Мел Гибсон добил отказ!

Рајдер тврди дека на истата забава, Гибсон ја прашал нејзината геј пријателка дали сега тој ќе добие сида од неа.
Мел Гибсон (64) нема да ја повтори улогата во долго очекуваното продолжение на „Chicken Run“ на „Нетфликс“, тврдат извори блиски до продукцијата.
Одлуката следи откако актерката Винона Рајдер во неделата го обвинила Гибсон за антисемитски навреди кон неа за време на забава во 1995 година.


„Бевме на забава со еден од моите добри пријатели и Мел Гибсон пушеше цигара“,рекла 48-годишната актерка за „Сандеј тајмс“.
Таа додала дека некој ја покренал темата за еврејската вера, а Гибсон ѝ се обратил и ја прашал дали и таа избегала од печката, што била очигледна референца за начинот на кој биле запалени еврејските заробеници во нацистичките логори на смртта.
Рајдер тврди дека на истата забава, Гибсон ја прашал нејзината геј пријателка дали сега тој ќе добие сида од неа. Таа додала дека тој подоцна се обидел да се извини за неговите навредливи изјави.
Во имејл испратен до „Њујорк пост“, портпаролите на Гибсон ги негираа обвиненијата на Рајдер дека тој ја навредил кога дознал дека е Еврејка.
„Ова е 100 отсто невистина“, рекле тие, тврдејќи дека Винона Рајдер лажела и во колумната за „Џеј Кју“ во 2010. година кога првпат го спомнала наводниот инцидент.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Како да го подготвите телото за вирусите

Витаминот Ц е штит на целокупниот имунитет, а во моментов најмногу се наоѓа во калинка, …