Колку се опасни крлежите и какви проблеми можат да предизвикаат

Крлежите од родот Ixodes  се преносители на бактерија Borellia burgdorferi причинител на Лајмска болестпопозната како борелиоза. Заболувањето го добило името по градот Лајм (Lyme), САД, каде за првпат е откриен голем број случаи соборелиоза.Крлеж кој не е инфициран со бактеријата неможе да ја предизвика болеста, а во зависноста од регионот 10-50% од крлежите се инфицирани и потенцијални причинители на Лајмска болест. Глодарите, птиците, кучињата гипрошируваат крлежите во природата.

Пред каснувањето, крлежот преку плунка го анестезира местото и убодот е безболен и без оток. Доколку крлежот се извади во првите 24 часа, можноста за појава на инфекција е помала, но пред да се отстрани нетреба да се ставаат никакви хемиски средства (алкохол, бензин,ацетон). Вадењето на крлежот треба да се направи во здравствена институција од страна на стручно лице.

Најкритичниот период од годината за каснување од крлежсе месеците од мај до септември. Во тој дел од годината, кога се оди во природа, треба да се избегнуваат високи треви, ливади, шуми, да се носи светла облека штоги покрива рацете и нозете или во спротивно да се користат средства против инсекти. Исто така, препорачливо е после престојување во природа да се изврши инспекција на кожата и облеката.

Во случај на каснување и пренесување на бактеријата, првите симптоми на болеста се појавуваат една недела до месец дена после каснување од крлежот, а просечно време на инкубација е 7 дена. Прв симптом е црвенило околу местото на убодот кој се шири-еритема мигранс, проследено со температура, главоболка, мускулни и зглобни болки. Хроничната форма на Лајмска болест е мултисистемска болест, на периоди со и без температура и манифестации како артритис, неуритис кои траат со месеци и години.

Лабораториско поставување на дијагноза е многу важно. Треба да се спроведе по секој сомнителен убод на крлеж. Во раниот стадиум се препорачува серолошка анализа за Лајмска болест, вклучувајќи и испитување на општите параметри на воспаление: седиментација и CRP.

Докажувањето на специфични антитела се вршат со помош на имуноензимски тест (ELISA) и потврда со високо специфична метода –  Western blot,кои се достапни во секоја Synlab лабораторија.

Доколку специфичните антитела се позитивни и се има податок за сомнителен убод, треба да се стартува со антибиотска терапија. Во повеќе од 95% заболените оздравуваат.

Во светот постои и вакцина која се препорачува кај луѓе кои живеат  во ендемски подрачја и престојуваат подолговреме на ливади и во шуми.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Солени галети на баба

Потребно е: 300 г брашно (интегрално) 100 г путер 1 јајце 2 лажици сончоглед 2 …