ПРОНАШОЛ СКАПОЦЕНИ КАМЕЊА – Рудар во Танзанија станал милионер преку ноќ

Рудар од Танзанија стана милионер преку ноќ откако продал два танзанити, најголеми скапоцени камења најдени во оваа земја.
Санину Лаизер заработил 3,4 милиони американски долари откако продаде два скапоцени камења со тежина од вкупно 15 кг на Министерството за рударство во Танзанија.
„Следува голема забава“, рекол Лајзер, кој има големо семејство, дури 30. деца.
Танзанитот може да се најде само во северниот дел на Танзанија и се користи за правење украси и накит. Тој е еден од најретките камења во светот, а еден локален геолог проценува дека резервите би можеле да исчезнат целосно во наредните 20. години.
Скапоцените камења може да се најде во зелена, црвена, виолетова и сина боја, и колку е потранспарентен, толку е поголема цената.
Еден камен тежел 9,2, а другиот 5,8 кг, а претходниот рекорд го држеше камен тежок 3,3 кг.
Претседателот на Танзанија, Џnон Магуфи, исто така му честитал на Лајзар за откритието, пишува Би-Би-Си.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …