(ФОТО) АРХЕОЛОГИЈА – ОВА ЈА ОТКРИВА МИСТЕРИЈАТА НА СТОУНХЕНЏ: Големиот пораисториски споменик најден под земја кај мистичен круг во Англија!

Археолозите откриле голем праисториски споменик под земја во близина на Стоунхенџ за кој тврдат дека може да помогне да се осветли потеклото на мистичниот круг на камења во југозападниот дел на Англија.
Истражувачи од неколку британски универзитети, предводени од Универзитетот во Бредфорд, тврдат дека локацијата се состои од најмалку 20. големи столба во дијаметар од 10. метри и должина од пет метри, кои се распоредени во круг во дијаметар над два километри.
Новата локација се наоѓа во Дарингтон Волс, место каде што е откриено неолитско село, на околу два километри оддалечено од Стоунхенџ.


Научниците веруваат дека столбовите биле закопани пред околу 4500 години и може да ги обележат границите на светото подрачје или границите околу кружниот споменик познат како ѕидовите на Дурингтон волс хенџ.
Британија има многу споменици со кружни камења кои датираат од пред неколку илјади години, а чија цел сè уште не е позната.
Најпознат меѓу нив е Стоунхенџ, огромен споменик направен помеѓу 3.000 и 1.600 п.н.е., што е една од најпознатите туристички атракции во земјата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …