НОВИ МЕРКИ – ВО ШВАЈЦАРИЈА ТЕСТИРАЊАТА ЗА КОРОНА НА СМЕТКА НА ДРЖАВАТА: Стартува и апликација за следење на заразените!

Швајцарската влада соопштила дека од утре ќе ги сноси трошоците за тестирање на вирусот корона.
Истиот ден ќе започне со употреба на апликација за следење на заразените, со цел да се спречи ширењето на вирусот по ублажување на мерките.
Владата на Швајцарија соопшти дека од утре ќе ги сноси сите трошоци за тестирање на вирусот корона и антитела, како и дека ќе го поедностави системот за тестирање.
Мобилната апликација што ќе се користи од утре ќе им овозможи на луѓето кои се потенцијално заразени со вирусот корона да бидат предупредувани за тоа.
Во Швајцарија, бројот на заразени со вирус се зголеми за 44 на 31.376 во последните 24. часа, додека 1.958 лица починаа од ефектите на КОВИД-19 од почетокот на епидемијата, вклучително и две смртни случаи во текот на претходниот ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – НЕМА ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денеска се регистрирани 72. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …