Владата времено го одложи проблемот со реемитување на телевизиските канали

–  Рокот е пролонгиран од август за ноември

–  Потребно е системско решение пред истекот на овој рок, во интерес на корисниците

Ги известуваме корисниците и целата јавност дека со Уредбата која ја донесе Владата на РСМ, на седницата одржана на 22 јуни 2020 година, само времено се одложи проблемот со реемитување на телевизиските канали, бидејќи само се пролонгираше рокот до ноември 2020 година, но остана обврската за исполнување на наметнатите неуставни обврски.

  Со донесувањето на Уредбата пред истекот на вонредната состојба, не се дојде до трајно решение за ситуацијата и повторно останаа во сила неуставните измени на Законот, што како краен исход повторно ќе доведе до создавање криза кон крајот на годината.

  Се надеваме дека со овој мал чекор Владата ќе најде сила за конечно системско решавање на ситуацијата со реемитување на телевизиските канали, пред ноември, во интерес на сите граѓани.

  Уште еднаш укажуваме дека операторите работат согласно позитивните правни норми во оваа земја и се надеваме дека никогаш повторно нема да бидеме приморани да ги браниме нашите права, преку протест, што е наше уставно загарантирано право.

  Во меѓувреме, ќе работиме заедно со сите надлежни институции и националните телевизии со цел да се постигне конечно и законски утврдено решение, со кое ќе се овозможи рамноправен третман и заштита на легитимните интереси на сите чинители на пазарот за производство и реемитување на телевизиска содржина.

– Здружение на информатичко-комуникациски технологии –

23.6.2020 година     

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Водителка позирала покрај мурал посветен на Марадона: Но, вниманието го одвлекло нешто друго!

Италијанската спортска презентерка со колумбиско потекло позирала покрај мурал посветен на Диего Марадона, а фотографиите …