(ВИДЕО) Во Москва грандиозна воена парада во чест на Победата – Путин во избрано друштво!

Покрај парадите на истокот на Русија парада во чест на 75. годишнината на победата во втората светска војна се одржува и во Москва…
На Црвениот плоштад во Москва во 8. часот по локално време започна 75 Парада на победата.
Годинешната воена парада поради пандемијата од корона не е одржана во традиционалниот термин во мај.
Претседателот на Русија Владимир Путин на крајот на април донесе одлука за одложување на парадата на Победата, а подоцна беше одлучено таа да се одржи на денешниот 24 јуни, кога била одржана и Првата парада на Победата.


На парадата ќе бидат покажани 225 единици на вооружувања, воена и специјална опрема, а ќе има и показна вежба на која ќе учествуваат дури 75 авиони.
Прва пат на една парада ќе ги видиме и сите модели на руските тенкови. Честа да ја предводи механизираната колона од тенкови ја добил легендарниот Т-34-86. На Црвениот плоштад ќе мине целиот баталјон од 31 единица.

Инаку, меѓу странските гости на парадата се претседателот на Србија – Александар Вичиќ и претседателот на Република Српска – Додик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска се регистрирани 4. нови случаи на Ковид 19 – Пријавенo е 1. починатo лицe

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …