(ФОТО) Медиумите и новинари брутални кон Ѓоковиќ и Адриа тур: Новак сепак на тестирање!

Бројни светски медиуми и новинари веднаш го критикуваа Новак Ѓоковиќ и неговата Адриа тур по позитивниот тест за коронавирус од бугарскиот тенисер Григор Димитров,кој покажа дека е заразен со вирусот „Ковид-19“.
Би-Би-Си во првиот напис напиша дека на трибините на натпреварите во Задар имало неколку илјади гледачи, што само по себе е многу опасно и ризично во време кога светот е сè уште во состојба на пандемија.
Л’Екип понатаму напиша дека оваа турнеја се одвиваше „без никакво социјално растојание“, што е основна препорака на Светската здравствена организација и дека Ѓоковиќ, Тием и Зверев постојано се дружеле со Димитров.
Еуроспорт пренесе и информации за откажување на Адриа тур, истакнувајќи дека во текот на сите овие денови, Димитров покрај дружењето со тенисерите, имал и контакт со навивачи и симпатизери.

Новинарката Кортни Нгуин, која е специјализирана за тенис, на својот профил на Твитер напиша дека ваквото однесување е неодговорно, и направи интересна споредба.
„Неодговорно, неодговорно однесување. Тоа е како возење автобус пијан“, напиша таа.

Тенискиот стручњак Бред Гилберт, исто така, не беше воодушевен од сето тоа.
„Секако… Сега сите ќе треба да бидат тестирани“, напиша тој, а Енди Родик му одговори:
„Како да постои некаква пандемија“, напишал Родик, а на неговиот Твитер одговорил Стен Вавринка кој штотуку напишал „Хахахахаха“.

Американскиот новинар Бен Ротенберг напиша во изјава од „Адриа тур“ за откажување на финалето, саркастично пишувајќи дека „мала забава никогаш не убила некого“, и додаде дека се надева оти Димитров не заразил никој друг, иако се чини дека е речиси невозможно.

За потсетување, финалето на Адриа тур беше откажано откако бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е позитивен за коронавирус.
Ѓоковиќ, како и другите членови на организациониот одбор, ќе бидат тестиран за коронавирус, а фотографиите што моментно кружат на Интернет покажуваат дека српските и бугарските тенисери биле во близок контакт во последните неколку дена.

По првичната информација дека Ѓоковиќ во Хрватска одбил да се тестира бидејќи немал никакви симптоми, сега се појави веста дека по пристигнувањето во Белград тој сепак отишол на тестирање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Титула за нов рекорд: Ѓоковиќ испиша историја во Рим

Новак Ѓоковиќ е владетел на Рим! Најдобриот тенисер на светот стигна до петтата титула во …