*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Раковите честопати мислат дека тие се единствениот хороскопски знак со силни емоции, пишува Дани Ларкин во својата колумна Astro Roast на Vice. Мудри членови на овој хороскопски знак честопати се ставаат во центарот на вниманието секогаш кога се наоѓаат во „криза“, што е константно.
Честопати ќе го чуете Ракот како зборува дека се чувствува напуштено, иако поминале три месеци од прекинувањето за кое зборува. Не обрнува внимание на другите дури и ако лицето со кое разговара да се вчера раскинала со своето момче.
Би било многу полесно ако Раковите знаат дека и другите луѓе имаат чувства и дека најпрво би можеле да ги прашаат другите како изгледа нивниот викенд и дури потоа да започнат да се жалат за својот.
Секој што бил во врска со Рак, ќе ви потврди дека се чудни и многу чувствителни. Ако некој им дофрли несакана забелешка, тие ќе се чувствуваат повредени и ќе размислуваат за тоа цел ден. Кога ќе забележат дека нивниот партнер не е расположен, тие знаат да ја доведат ситуацијата до апсурд, мислејќи дека тие се причината.
Тајната на среќната врска со Ракот е да го убедите дека верувате во него сто проценти, дека тој е прекрасен, талентиран и е предодреден за успех. Тој веднаш ќе се расположи и ќе стане сентиментален и сладок, но барем повеќе нема да плаче.
Во приватниот живот и на работа, Раковите имаат проблеми со критиката. Тие премногу сериозно ја сфаќаат критиката и ја сфаќаат како знак дека луѓето ги мразат. За нив е можно да ја изгубат контролата и да напаѓаат други без никакви сопирачки. Тие напаѓаат други, но не можат сами да го издржат нападот, па се прашуваат зошто нивните партнери ги оставаат или нивните колеги ги избегнуваат.
Меѓу најпознатите Ракови е принцезата Дајана. Целиот свет знае дека принцот Чарлс за време на нивниот брак одржувал врска со Камила Паркер Боулс. Соочен со обвинувања за прељуба, Чарлс, наводно, рекол: „Одбивам да бидам единствениот принц од Велс кој немаше љубовница“.
Бидејќи во хороскопот беше Рак, Дајана не можеше да ја надмине прељубата, и се одмазди на Чарлс и кралското семејство, кажувајќи им на новинарите дека е третирана ужасно. Од друга страна, бидејќи Ракот сака да се грижи за другите, Дајана по разводот се посвети на грижата за децата, сиромашните и другите што општеството ги турка на маргините.