(ВИДЕО) Запуштен стан од 40. квадрати претвориле во мал трособен стан

Малите станови се шармантни, интимни, лесни за одржување и совршени за заштеди на комуналии. Повеќето сопственици на мали станови се тешат со овие зборови, иако се свесни дека животот во мал стан е најмалку предизвик, особено кога станува збор за уредување на истите. Бидејќи немаат многу простор, не сакаат да ги натрупуваат со еден куп работи, додека од друга страна треба да најдат начин да стават сè што имаат во станот.
Екипата на каналот на „ЈуТјуб“, Never Too Small, редовно објавува видеа од реновирање на мали станови.
Откако уредија навистина мали станови, еден од само 22, а другиот од 27 квадратни метри, тие решија да покажаа како со малку стил може да се уреди малку поголем стан со стил.
Станот во Мелбурн е сместен во зграда од 1960-тите, во која има уште 15. станови. Кога архитектите влегле во неа, имало една спална соба и тие успеале да направат друга просторија во неа. Тие ја претворија посебната кујна во дополнителна просторија, додека кујнската ниша ја претвориле во дневна соба со трпезарија. Така, тие создадоа трособен стан од 40 метри квадратни.

Во станот доминираат топли бои и едноставен мебел. Единствената работа што архитектите не ја смениле беше ѕидот во ходникот направен од зелени тули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) „Храбро срце“ под итно бара измени на законот за донирање органи

Членовите на „Храбро срце“ со години се борат за измени на закот за донаторство…Како што …