(ВИДЕО) НЕВИДЕН ПОТОП ВО МОСКВА: Автомобили пливаат, дожд, снег и град во исто време!

Москва беше погодена од силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град. Снимките покажуваат дека руската престолнина била погодена од вистинска поплава затоа што автомобилите пливаат по улиците како чамци.
Центарот за контрола на сообраќајот во Москва соопшти дека на една од улиците се поплавени неколку автомобили и дека сообраќајот е целосно оневозможен.
Некои подземни пролази се целосно поплавени.

Институтот за хидрометеоролошки работи издал портокалов метео аларм, што предупредува на можна опасност.

Жителите на Москва на социјалните мрежи пишувале дека дождот паѓал толку силно што скоро ништо не можело да се види.

Една од корисничките посочила дека во нејзиниот дел од градот во исто време паѓаат и’ дожд и снег и град.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Брачен пар од Србија починал од корона: Одбиле да одат во болница а синот на докторите им рекол дека ќе ги излекува со печено прасе!

Синот донел постар пар, татко му и мајка му, на преглед во клиниката за „Ковид“ …