(ФОТО) Луѓето се мачат да најдат мачка на оваа фотографија: Ја гледате ли Вие?

Мачките се миленичиња што можат многу добро да се вклопат во околината во која се наоѓаат. Тие се во состојба да се качуваат и да скокаат по кујнски елементи и мебел и да спијат во секој агол од домот, така што понекогаш е многу тешко да се најдат.
Кејт Хиндс, сопственичка на мачката Нора, на својот профил на Твитер споделила фотографија која ги намачила нејзините следбеници.
“Можете ли да ја најдете мачката?”, прашала и прикачила фотографија на која се гледа како има голема полица со книги, телевизор и други работи во дневната соба.


Ако не можевте да ја пронајдете, еве каде се крие.

Како што Кејт објаснила за „Додо“, Нора најмногу сака да спие на тоа место. Таа веќе ја усовршила вештината за вовлекување во минијатурни простори.
“Знам 99% од нејзините скривалишта. Претежно секогаш можам да ја најдам, но ако понекогаш не знам каде е, знам дека нашла ново место за одмор”, објаснила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …