(ФОТО) Лепа Брена пред 60. роденден покажала неверојатни нозе

Иако во октомври ќе наполни 60. години, Лепа Брена сè уште се обидува да остане во врвна форма, а резултатите се многу видливи.

Легендарната пејачка летува во Монако со сопругот Боба Живојиновиќ, а синоќа објави фотографија на Инстаграм на која може да ги „полуди“ нејзините фанови.

Брена позирала во гаќички и широка кошула и ги покажала нозете што ја направија позната во осумдесеттите години на минатиот век.
Дека таа сè уште има затегнато тело е јасно на прв поглед, а сексипилната фотографија добила повеќе од 10.000 лајкови за само неколку часа.
„Не ги мразете луѓето кои се завидливи затоа што тие препознаваат дека сте подобри“, напишала Брена во описот на фотографијата цитирајќи ја Моника Белучи.

View this post on Instagram

Summer💋🥰❤️👍

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се чувале за брак: Славни парови и нивната одлука за секс дури после олтар!

Сексуалниот однос е исклучително важен чин за некои дами и мажи на јавната сцена, и …