(ФОТО) Конечно се договориле: Во август почнува снимањето на „Пријатели“

Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Фиби и Џои наскоро треба да се вратат на малите екрани, и секој може да заработи помеѓу 2,25 и 2,5 милиони долари…
Актерската постава на легендарната серија „Пријатели“ долго време молчеше за снимање на специјална епизода од за многумина омилената серија, а потоа кога конечно ги потврдија шпекулациите на многумина, се појави пандемија на корона вирус. Некои мислеа дека сега сè ќе биде откажано заради тоа, но тоа не е случај.

Снимањето требаше да започне на крајот на март, но продукцијата запре и го одложи, па снимањето требаше да започне во мај најрано. Бидејќи не започна дури и тогаш, беше објавен нов датум на снимање.


– Се надевам дека ќе можеме да снимаме во август, ако сè оди добро и нема ран втор бран. Ако сè е на место и ако можеме да ги почитуваме сите мерки, ќе снимаме некаде помеѓу средината и крајот на август“, рекла креаторката на серијата Марта Кауфман.
Тимот ги споделил своите идеи за време на карантинот од удобноста на нивниот дом преку видео повик и со тоа внимавале на социјалната далечина. Штом снимањето беше одложено, сите почнаа да прават паника бидејќи им требало долго време да се согласат и да го „втурнат снимањето во нивните распореди.

„Се плашеа дека сега нема да можат да се соберат сите. Кортини автоматски ја договори средбата преку видео повик и сите се вклучија и така разменија идеи. Тие им покажуваат сè на продуцентите и потоа разговараат и рмуабетат најмалку два часа“, рекол изворот.
Тој додал дека тие се слушаат секој ден и дека Џенифер Анистон (50), која имала „најлош“ распоред од сите, ги уверува дека таа ќе стори сé што е во нејзина моќ, за да не мора да чекаат со месеци за да го снима нивното обединување.
„Нивните разговори се смешни и има смешен материјал што се надеваат дека ќе можат да и го прикажат на јавноста или во серијата или барем преку кратки клипови“, објаснува изворот.


Значи, Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Фиби и Џои треба наскоро да се вратат на малите екрани, и секој од нив би можел да заработи помеѓу 2,25 и 2,5 милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотки на девојка станале хит на интернет бидејќи ги има НАЈДОЛГИТЕ НОЗЕ на светот!

Девојка од Монголија е висока 205 сантиметри и ги има вторите најдолги нозе на светот. …