ПОЖЕЛНИ СЕ УМЕРЕНИ ФИЗИЧКИ АКТИВНОСТИ – Протеинска диета: За еден месец до совршена линија!

Суштината на протеинската диета е да се трошат масните наслаги, додека се одржува постојната мускулна маса.
За време на оваа диета, пожелна е умерена физичка активност, три пати неделно.
Елиминирајте ги слатките од вашата исхрана, а внесот на вода е пожелно во што е можно поголемо количество. Оваа диета трае еден месец, а појадокот е ист секој ден – секогаш јадете овошје, во парови (две јаболка, две круши, две портокали… а ако е мало овошје, тогаш повеќе парчиња).
За време на диетата, се планираат денови за протеини и овошје, па после три протеински дена, има еден овошен ден и сл.

Пример за мени:
Прв протеински ден
Ручек – варено или печено месо (количина како 3 стек), парче леб и салата во саканите количини, 2 дл супа без тестенини.
Вечера – исто како и за ручек, без супа
Втор протеински ден
Ручек – 3 варени јајца, мешана салата во посакувани количини, парче леб (најдобро интегрален)
Вечера – исто како и за ручек. Можно е да се комбинираат млеко и младо сирење за време на ручек и вечера
Трет протеински ден
Ручек – печена или варена риба, варен зеленчук (блитва, брокула, прокељ), парче леб
Вечера – исто, со услов дека за промена можете да јадете конзервирана туна со мешана салата


Овошен ден
Јадете различни овошја во посакувани количини. Избегнувајте овошје со голема содржина на шеќер, како што се банани или грозје.
Напомена: Консултирате се со лекар пред да ја започнете диета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во нејзините 70-ти, таа добила тело што го немала ниту во нејзините 20-ти: Сето тоа благодарение на овие едноставни правила!

Таа е најстарата инструкторка по фитнес, има 73. години и на нејзиното тело и завидуваат …