ПАНИКА ВО ГРЦИЈА – Вирусот се шири по плажите!

Во округот Ксанти кој се наоѓа во близина на омилените летувалишта на балканците, во изминатите седум дена дошло до драматичен пораст на бројот на заразени, а местото Ехинос, од четвртокот, било ставено во карантин.
Според пишувањето на локалните грчки медиуми, тамошните власти за цивилна заштита вовеле седумдневна потполна изолација на заедницата во тоа место, а според правилата, мештаните можат да ги напуштат своите домови само за да купат храна или лекови и мораат да носат маски. Во тоа место можат да дојдат само возилата кои ги снабдуваат продавниците за храна и аптеките, додека другите продавници се затворени.
Оваа вест загрижила многу идни потенцијални туристи бидејќи округот Ксанти се наоѓа во близина на Кавала, една од омилените дестинации на туристите.


Медиумите прнесуваат дека поради зголемување на бројот на заболените оваа област минатиот петок ја посетил и Сотрис Циодрис, специјален советник за коронавирус во Грција. Таму, според последните информации има 24. случаи на новозаразени, додека од почетокот на епидемијата умреле 188. лица.
Со цел да се спречи ширењето на ковид, Грција уште пред отворањето на границите, на 15. јуни, вовела строги правила во летувалиштата. Максимален број посетители на 1.000 квадрати е 40. лица, минимална оддалеченост од „центар до центар“ на чадорите за заштита од сонце е четири метри, а под нив по две лежалки на еден метар растојание. Грчкото министерство за туризам соопштило и дека ќе им исплати надоместок на хотелите кои се користат во цел на изолација на заболените.


Извор:kurir.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осум здравствени придобивки од ПРЕСТОЈ ВО ТИШИНА: Најдете време за себе

Општо познато е дека бучавата не влијае добро на луѓето, но што е со тишината? …