(ВИДЕО) Триаголници од готови кори со сирење: Солена закуска за вкусна вечера или појадок!

Ако сакате печива овој рецепт морате да го пробате…
Потребно е:
500 г. кори за пита
200 г сирење
1 јајце
малку прашок за печиво
100 мл јогурт
Подготовка: во чинија издробете го сирењето, додајте јајце, јогурт и печиво. Се’ добро испасирајте. Кора раширете на работна површина па цела намачкајте ја, завиткајте од страна до половина и повторно преклопете. Со лажица вметнете го филот по цела должина. Преклопете ја втората страна на филот па преклопувајте час на една час на друга страна формирајќи триаголник. Наредете во плех намачкан со масло. Готовите триаголници намачкајте ги со масло и по желба наросете со сусам. Печете околу 30. минути на 200 степени, додека убаво не поцрвенат.
Подетално подготовката погледнете ја во видеото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …