(ВИДЕО) Непечен нутела колач за сите пригоди!

За вашите прослави и родендени, како и ненадејни гости. Одличен колач за секоја пригода
Состојки:
300 г мелени бисквити
70 г путер
30 г несквик
100 мл млеко
400 г крем сирење
50 г шеќер во прав
500 мл слатка павлака
200 г нутела
Глазура:
100 г млечно чоколадо
50 г црно чоколадо
150 мл слатка павлака
Подготовка: измешајте ги бисквитите и несквикот па додајте го истопениот и изладен путер, налијте млеко и се измешајте. На тацна ставете обрач – 25х25 см или 30х20 (а може да се стави и во подлабока тава) и истресете ја смесата со бисквити па со лажица убаво распоредете и префрлете во фрижидер.
Изматете го крем сирењето со шеќерот во прав. Слатката павлака изматете ја посебно.
Поврзете ги двете смеси, најдобро со лопатка или лажица. На слојот од бисквити нанесете половина од белиот фил и израмнете. Во другата половина додајте ја нутелата (малку омекната во микро или на водена купка или држете ја теглата во топла вода) и убаво измешајте. Филот со нутела нанесете го на белиот фил, израмнете. Префрлете во фрижидер.
Глазура: искршете ги двата вида чоколадо па полијте со топлата слатка павлака и мешајте додека смесата не се соедини и не стане хомогена и не се добие фина црна глазура.
Полијте преку колачот, но не истурајте директно на колачот туку нанесете малку по малку со лопатка или лажица.
Колачот префрлете го во фрижидер и до служење нека стои во обрачот или тавата. Потоа исечете на коцки и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОЛКУ ОРЕВИ, А КОЛКУ ДРУГИ ЈАТКИ ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ ДНЕВНО: За максимална корист!

Јатките се важен дел од здравата исхрана, заедно со свеж зеленчук и овошје. Ниту една …