ЧУВАР НА ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА – Вкусен и здрав: Сокот од домати е неприкосновен во борбата со овие 10. здравствени проблеми

Сокот од домати е одличен избор за луѓе кои страдаат од дигестивни проблеми, како запек или дијареја, затоа што ги смирува цревата, го намалува нивото на холестерол, ја зачувува линијата, но исто така е одличен како замена за некои козметички третмани.
Поради малиот број на калории, изобилството на витамини и минерали и лековити својства, сокот од домат е многу подобра опција од кој било овошен сок. Во него се крие вистинска ризница на здравјето.


Сок од домати изобилува со:
Витамини А и Ц кои се одговорни за добар вид, здравје на коските и забите, како и генерално подобар имунитет.
Витамини Б3 и Б6 кои се сметаат за важни фактори кога станува збор за стабилизирање на нивото на холестерол.
Витаминот Б6 го разложува хомоцистеинот, соединение кое ги оштетува крвните садови и доведува до срцеви заболувања.
Доматот е исто така богат со магнезиум, кој ги придвижува мускулите, вклучително и оној што пумпа крв, што го прави одлична намирница за срцето.
Хлорот и сумпорот што се наоѓаат во доматите влијаат на подобро функционирање на црниот дроб и бубрезите, што е клучно во процесот на детоксикација на организмот.


Поради големата количина антиоксиданти што ги содржи, го намалува ризикот од карцином. Покрај тоа, доматот содржи голема количина ликопен, кој исто така игра значајна улога во заштитата од карцином.
Покрај одржувањето на здравјето на целото тело, сокот од домати е многу моќен сојузник во топењето на масните наслаги. Неговото симнување на килограми и целулитот е фасцинантно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во …