Продажбата на автомобили во Германија, во мај, паднала за 51,5 отсто

Најголем пад на продажбата во Германија во мај забележале БМВ и СЕАТ…
Автомобилската индустрија се бори да ја преживее кризата.
Во Германија продажбата на нови автомобили се намалилаза 51,5 проценти во мај во однос на истиот месец лани. Автомобилската индустрија се бори да ја преживее кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, но закрепнувањето најверојатно ќе биде многу бавно.
Примерот на Германија, која се смета за најсилен европски пазар на автомобили, но и земја со најсилна автомобилска индустрија, покажува колку оваа гранка на индустријата е во длабока криза.
Иако продажните салони во Германија биле товорени уште на 20 април, клиентите не покажале голем интерес. Во мај се продадени 150.597 нови автомобили, што претставува пад од 51,5 проценти во однос на мај 2019 година, пишува порталот SEEbiz.
Падот е малку помал во првите пет месеци од 2020. година, благодарение на солидниот почеток на годината пред избувнувањето на пандемијата и е на -35,6 проценти (испорачани 912.463 возила).
Најголем пад на продажбата во Германија во мај забележаа БМВ и СЕАТ (над 60 проценти), додека на другата страна на спектарот Рено со пад од „само“ 35,6 проценти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) И ТОА ГО ВИДОВМЕ – Скапиот Ferrari F50 стартуваше „на туркање“

Многумина се нашле во ситуации кога поради дефект или други причини е потребно да се …