(ВИДЕО) ПРИКРИЕНО – Ова е ДОКАЗ ДЕКА ВОНЗЕМЈАНИТЕ ПОСТОЈАТ! Првите зборови на Армстронг на Месечината НЕ БИЛЕ ОНИЕ КОИ СИТЕ ГИ ЗНАЕМЕ!

Бројни контроверзии продолжуваат да ја следат мисијата Аполо 11, дури и по повеќе од половина век, откако слета на површината на сателит на Земјата…
Петтата мисија, трета со човечки екипаж, на програмата „Аполо“, исто така беше прва мисија која имаше за задача да слета на површината на Месечината. „Аполо 11“ со тричлена посада од Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс полетала кон сателитот на Земјата на 16. јули 1969. година, а на 21. јули во 2:56 часот по универзално време, Нил Амстронг ги направи првите неколку чекори на Месечината!
Овој пат нема да се занимаваме со бројните теории на заговор според кои сè е добро изрежирано во филмско студио затоа што Американците не можеле да дозволат Советите повторно да ги тепаат до нозе во вселенски натпревар (Гагарин, Терјешкова, Леонов), така што тие „се снашле“.


Фокусот е ставен на приказна која наводно за прв пат ја потврдил самиот Нил Амстронг и за која, освен тврдењата на поединците дека го слушнале, нема материјални докази (видео, аудио снимки),за да во едно интервју на Баз Олдрин кој исто така прошетал по Месечината (Колинс бил во модулот Колумбија кој кружел над Месечината и ги чекал двајцата астронаути да се вратат), без ниту малку сомнение ја потврдил целата приказна!
За што станува збор навистина, што е тоа што, според сведочењето на многумина,е цензурирано од НАСА и што не чул светот во „преносот во живо“ по освојувањето на Месечината?
„Ова е мал чекор за мене, но голем за човештвото“! Оваа реченица ја слушнаа сите и е внесена во сите учебници како прва реченица што еден човек ја изговорил на Месечината.
Но, се чини дека не било така!


Клопчето започнало да се одвиткува на симпозиумот на НАСА, каде еден угледен професор (и неговото име се „изгубило“) го интервјуирал Армстронг и го прашал дали е вистина дека прво изјавил:
„Тие се тука, нè гледаат!“
Амстронг само се насмеал и продолжил.
„Беше неверојатно иако знаевме дека постои таа можност. На крајот на краиштата, бевме предупредувани“, започнал тој, а на прашањето како мисли дека биле предупредувани, тој само одговорил:
„Не смеам да навлегувам во детали, но можам да кажам дека нивните бродови беа далеку супериорни во однос на нашите и по големина и технологија. Тие беа големи и се чинеа заканувачки. Извесен професор по физика и математика на Универзитетот во Москва, Владимир Ажаза, ја објаснил целата приказна врз основа на информациите до кои дошол.
Амстронг на контролата на мисијата и рекол дека два големи, мистериозни предмети ги набудувале откако слетале на Месечината. Но, неговата порака никогаш не се слушна во јавност, бидејќи НАСА ја цензурираше.
Амстронг, наводно, подоцна тврдел дека вонземјаните се присутни на Месечината, и дека на астронаутите им било наредено да заминат, а многу истражувачи на НЛО тврдат дека чудни структури и згради дури биле снимани и сите детали ги пријавил во контролата на мисијата, која намерно ги цензурирала информации со цел да се спречи хаосот и паниката кај жителите на планетата-б
Секако, како и во сите теории на заговор, оние што се обидуваат да ја сокријат вистинската вистина поттураат многу различни информации, финансираат и снимање филмови, затоа што знаат дека кога водата е матна, тогаш е лесно да се лови во матно.
Но, Баз Олдрин не можеле да го замолчат, иако е навистина чудно што неговата изјава, која беше снимена за време на едно од бројните интервјуа, помина скоро незабележано!
„Видов, сите ја видовме силната светлина што не беше од sвездите, но бевме доволно паметни да не кажеме ‘Еј Хјустон, гледаме НЛО’. Не, туку Нил ја вклучи врската на заштитен, таканаречен медицински канал и рече дека тие се таму, дека нè гледаат, комуницираат!“
Многу уфолози сметаат дека ова е најголемиот и најзначајниот доказ за постоењето на вонземјани и дека тие стапиле во контакт со нас.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, доживеала земјотрес на прес конференција

Премиерката на Нов Зеланд воодушевила од нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 …