(ВИДЕО) Хорор во продолжувањето на премиер лигата: Во триумфот над Арсенал потешко повреден млад фудбалер на Сити!!!

Медиумите во Англија информираат дека младиот Гарсија најверојатно добил повреди на главата, но засега нема официјални информации за состојбата на 19 годишниот дефанзивец на Сити.


Младиот дефанзивец на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Ерик Гарсија доживеа тешка повреда во финишот на вчерашното дерби против Арсенал. По пауза од три месеци поради пандемијата од корона вчера продолжија мечевите во Премиер лига
Во 81 минута од мечот кој заврши со триумф на Сити од 3-0 , 19- годишниот Гарсија се судри со голманот на својот тим Едерсон, по силниот удар во главата Ерик остана да лежи неподвижно на тревата.


Лекарските тимови на двете екипи веднаш втрчаа на теренот и околу 10 минути му укажуваа помош на младиот фудбалер. Фудбалерите на двете екипи беа видно вознемирени поради повредата на Гарсија.

Младиот Шпанец доби и кислород, му беше ставена протеза на вратот и на носила беше изведен од теренот и пренесен во болница.
Медиумите во Англија информираат дека младиот Гарсија најверојатно добил повреди на главата, но засега нема официјални информации за состојбата на 19 годишниот дефанзивец на Сити.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Луксузните автомобили на Роналдо се селат од Торино

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (36) е близу до напуштање на италијанскиот гигант по три години поминати во …