(ВИДЕО) УБАВИ ВЕСТИ: Во петок се враќа „Само Интервју“ – прв гостин Венко Филипче!

По скоро три месеци принудна пауза, овој петок се враќа „Само Интервју“! Прв гостин на Гоце Михајлоски ќе биде, кој ако не најодговорниот за здравствениот систем – министерот Венко Филипче…

Што научивме и што уште треба да сториме за да не бидеме дел од статистиката на заразени? Дали некаде „погреши” кризниот штаб, зошто се дозволија масовните верски собири, зарем министерот не беше информиран дека “бумерангот” си го “прави” своето? Колку верските челници доставија “сол” на живата рана? Како сега да се “растегне” ширењето на вирусот кога болниците “вријат” од заразени? Какви ќе бидат здравствените протоколи, ќе гласааме ли без страв? Дали масовното тестирање на населението е клучно за да се изгаси “пожарот”? Некако навикнавме на социјална дистанца и маски, но ќе спиеме ли мирно оваа есен? Успешен или просечен, каков е нашиот одбранбен анти-корона систем, гостин во Само Интервју ќе биде д-р Венко Филипче, петок 18.30 минути со Гоце Михајлоски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …