ИСТРАЖУВАЊА – НАУЧНИЦИТЕ ДОШЛЕ ДО ЗАСТРАШУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Корона вирусот предизвикува страшна хронична БОЛЕСТ!

Новите откритија во врска со последиците од болеста коронавирус ги загрижиле научниците.
Имено, како што предупредија експертите од областа на науката во петокот, ковид-19 веројатно предизвикува дијабетес кај луѓе кои го немале пред инфекцијата.
Овој заклучок бил објавен во New England Journal of Medicine, а истиот бил постигнат по набљудување на група пациенти заразени со вирусот. Пациентите биле набљудувани од водечки експерти од областа на дијабетесот. Сепак, сè уште не е целосно точно како овој вирус предизвикува дијабетес.
Она што покажало истражувањето е дека ACE-2, протеин на корона вирусот што му го олеснува влегувањето на вирусот во човечки клетки, влијае не само на белите дробови, туку и на органите и ткивата како што се панкреасот, тенкото црево, масното ткиво, црниот дроб и бубрезите.


Експертите веруваат дека ако вирусот влезе во организмот на овој начин, предизвикува повеќекратни и сложени дисфункции на метаболизмот на јаглени хидрати. Со години е познато дека честите вирусни инфекции можат да предвидат поголема шанса за развој на дијабетес тип 1.
Франческо Рубино, професор на „Кингс колеџ“ во Лондон и еден од авторите на оваа студија, вели дека е можно овие пациенти да имаат предиспозиција за дијабетес, што го забрзало ковид-19, но дека некои од нив можеби и не знаеле дека веќе имаат дијабетес.
„Очигледно, постои можност некои од нив дури во болницата откриле дека страдаат од дијабетес, доколку претходно не го провериле. Инфекциите дополнително го зголемуваат нивото на шеќер. Сепак, дури и ако тоа е случај, бројот на пациенти кои се заразуваат и’ со вирус и’ со дијабетес е многу поголем од бројот на пациенти кои се болни, да речеме, сезонски грип и дијабетес во исто време“, вели тој.
Она што сè уште е познато е дека вирусот корона секако ја влошува состојбата кај пациенти кои веќе имаат дијабетес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во …