Едноставен и брз појадок – Омлет мафини

Состојки:
6 јајца
6 лажици млеко
6 лажици рендано жолто сирење (гауда, трапист, кашкавал)
сол, црн пипер
Подготовка: рерната вклучете ја на 220. степени. Во посебен сад одвојте ги белките од жолчките па во изматените жолчки додајте млеко и жолто сирење. Одвоено изматете ги белките, во цврст снег, и постепено додавајте ги во смесата од жолчки да биде воздушеста. Додајте сол и црн пипер по вкус но и некој свеж или динстан зеленчук.
Смесата истурете ја во калапи за мафини намачкани со масло или путер (маргарин) и ставете во рерна.
Печете околу 10. минути, да добијат убава боја.
Ова е основа за правење на вкусен оброк, а по желба додајте шунка, пиперка или сечкани домати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …