Еве кои промени ќе ги искусите ако почнете секој ден да јадете бадеми

Дали секој ден јадете една шака бадеми? Дури и ако не, тогаш треба затоа што има многу позитивни ефекти од јадењето бадеми.
Бадемите се едни од најпопуларните јатки. Повеќето луѓе ги јадат сурови или печени, а денес се повеќе се бараат и други производи од бадеми, како млеко, масло, путер, брашно … Тие се полни со хранливи материи како влакна, протеини, масти, јаглени хидрати, витамин Е, манган и магнезиум.
Бадемите се меѓу најдобрите извори на витамин Е во светот. Ако ги јадете често, во разумни количини, здравствените придобивки се многубројни, а ова се некои од нив.

 

1. Беспрекорна кожа и коса
Според истражување, пациентите кои страдале од тешки акни имале 9. проценти помалку витамин Е во нивните тела. Затоа луѓето со кожни состојби треба да консумираат бадеми затоа што се полни со антиоксиданти, омега-6 масни киселини и витамин Е кој помага во лекување на проблеми со кожата, се бори со знаците на стареење и ја подмладува кожата. Покрај споменатите хранливи материи, бадемите имаат и магнезиум, цинк, витамин Б. Тие го стимулираат растот на косата, и даваат сјај и долговечност.

2. Подобро ниво на шеќер во крвта, крвен притисок и холестерол
Според една студија, луѓето со дијабетес тип 2 покажале подобра физичка состојба откако секојдневно јаделе бадеми. Тие исто така помагаат во чистењето на артериите со намалување на ЛДЛ, лош холестерол. Содржината на магнезиум помага во намалување на нивото на крвниот притисок.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во …