Фудбалска бомба од Островот, Кристиано се враќа во Премиер лигата!?

Сопственикот на сините од Лондон, Роман Абрамович, веднаш одлучил да „го отвори кесето“ и да испрати понуда за Роналдо.
Еден од најдобрите светски фудбалери во последните десетина години, Португалецот Кристиано Роналдо летово би можел да го напушти Јувентус и да се врати на Островот.
Асот на Јуве добил неверојатна понуда од тимот на Челзи. Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи на Роналдо за трансфер во Лондон на Стемфорд Бриџ му понудил фантастична сума од 120 милиони евра.

loading...

Шпекулациите за трансферот на Кристиано во Премиер лигата започнале во моментот кога италијанските медиуми јавиле дека Јувентус поради пандемијата од корона вирусот сака да им ги намали договорите на фудбалерите за идната сезона.

Сопственикот на сините од Лондон, Роман Абрамович, веднаш одлучил да „го отвори кесето“ и да испрати понуда за Роналдо.


Сега медиумите ја очекуваат реакцијата на Јувентус и Кристиано,а португалскиот ас има одлично искуство од Премиер лигата. Неколку години беше член на гигантот Манчестер Јунајтед.а сега ќе видиме дали ќе го облече дресот на ривалот Челзи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Дали Роналдо конечно ќе ја добие вистинската казна по срамниот инцидент на Олд Трафорд

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед е обвинета од Фудбалската асоцијација на Англија, откако открила видео на …