(ФОТО) МОЌТА НА ИНТЕРНЕТОТ: „Се венчале“ во градинка а 16. години подоцна твитерџиите повторно ги обединиле!

„Се оженив во градинка, а не ја видов жена ми 16 години“, напишал еден корисник на Твитер а бројни твитерџии одговорно тргнале во потрага по неговата сопруга…
Џек Калоу, кога имал само три години, во градинка се оженил со својата другарка Рена Џутла. Бидејќи не ја видел со години, се прашувал дали тоа е причината поради која тешко се поврзувал со една жена.
Се разбира, свадбата била дел од игра во градинка, а Џек додал дека не се сеќава на деталите за тој настан и дека ја пронашол сликата што сето тоа го документира на прославата на 75-от роденден на неговиот дедо, кој ги чувал сите негови фотографии.
„Беше слатко и забавно и верувам дека сето тоа на момент не оддели од овие грозни работи што се случуваат во светот“, рекол тој.
Со својата приказна бил инспирација за корисниците на Твитер кои го воодушевиле со пронаоѓањето на Рена.
„Тоа на еден начин покажа колку е моќен интернетот и работите што стануваат вирални, како и дека се средство за привлекувањена вниманието на луѓето како и средство со кои можете да привлечете внимание на луѓето и да ширите информации. Беше многу интересно“, рекол Џек.


Рене има 21 година и е студентка во Бакингемшир, Велика Британија.
„Не разбирам зошто стана толку сериозно, но мило ми е што се случи. Фотографиите се слатки. Се сеќавам на моите родители и еден постар братучед како седеше и ја гледаше свадбата и се сеќавам на неговите пријатели во градинка што го правеа лак од хулахопи за да поминеме низ него“, рекла таа.
Таа беше изненадена од реакциите на социјалните мрежи, а за прв пат видела слики од свадбата на профилот на Џек.


View this post on Instagram

aquarius szn babyyyy 🤟🏽

A post shared by Rena Jutla (@rkjutla_) on

“Татко ми беше горд на моите пет минути слава. Тој ги повика сите свои пријатели и им испрати линк за да можат да го видат истото. Сопругата на мојот братучед ми се јави истата ноќ изненадена што линкот и го испратил братот од Канада. Не можев да верувам дека се рашири толку брзо“, ги опишала реакциите на семејството а Џек открил како реагирале неговите најблиски:
„Сите мои пријатели и роднини ги сметаат фотографиите за слатки, па сметаат дека е интересно што поминале вирално. Мајка ми ги виде на Инстаграм пред да можам да ја известам, таа ми се јави и ме праша што се случува“.
Многумина неа и на Џек им кажуваат дека треба да се „обединат“, но тој додал дека таа е во среќна врска и дека неговата девојка прво била љубоморна на неговата венчавка, но дека на крајот преболела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегналоЖивотот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и …